Назад
Поттикнување на Женско Претприемништво во Спортот

📢 Покана за Настан за вмрежување: Поттикнување на Женско Претприемништво во Спортот


На 22 ноември 2024 година, во хотел „Double Tree by Hilton“ во Скопје, ќе се одржи настан посветен на поттикнување на женското претприемништво во спортската индустрија. Овој настан има за цел да го поттикне претприемачкиот дух и да ги поддржи жените кои делуваат во спортот, нудејќи им можност да се запознаат со успешни приказни и да ги стекнат клучните вештини потребни за развој и одржливост во оваа област.


Програмата вклучува:


✔Презентации за женско претприемништво и стратегии за успех

✔Панел дискусија за клучните вештини за успешни претприемачки

✔Сесии за можности за жените во спортската индустрија, вклучувајќи поддршка за спонзорства и јавни партнерства

✔Speeddating и доделување награда за Извонреден Спортски Личен Бренд


Детали за настанот:


🗓 Датум: 22 ноември 2024

📍 Локација: Хотел „Double Tree by Hilton“, конференциска сала Платинум 2, Скопје

🕔 Време: Почеток во 17:45 часот

  

Настанот е организиран  во склоп на проектот "Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики" кој е поддржан од Европската Унија.


Ги замолуваме сите заинтересирани да пријават присуство најдоцна до вторник 19.11 на меил: musa@sportsolutions.mk 

Pokana