Назад
Македонија со победа против Ерменија во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија успеа да слави на домашен терен против селекцијата на Ерменија со 2:0 во второто коло од Лигата на нациите, резултат со кој се искачи на првото место на табелата во новото издание на натпреварувањето на УЕФА. 


Милевски го започна мечот со неколку промени, но проблем на стартот на мечот беше повредата на Чурлинов. Во првото полувреме имавме неколку шанси преку Елмас и Давид Бабунски, но без реализација.


Во последните секунди од полувремето Македонија остана со десетмина на теренот, откако поради приговор беше исклучен Ѓоко Зајков. Стоперот имаше жолт картон и протестираше на одлука за еден старт на Ќамили, па судијата Осмерс му го покажа патот кон соблекувалната.

Makedonija-Ermenija-202

Во второто полувреме Македонија играше со играч помалку. Првата сериозна шанса ја имавме во 62. минута кога Елмас влезе во казнениот простор, па го проигра Миовски, а тој испрати добар удар, но беше изблокиран и топката заврши во корнер.


Милевски во игра ги внесе Костадинов и Атанасов, тие донесоа свежина во средниот ред. И од првиот прекин, во 70. минута, дојдовме до погодок. Енис Барди изведе слободен удар од дваесет и пет метри и погоди во мрежата на Ерменија за 1:0, а само девет минути подоцна, Бојан Миовски стави печат на победата откако ги надмудри дефанзивците на Ерменија и го зголеми водството на Македонија  на 2:0.


Македонија дуелите во Лигата на нациите ќе ги продолжи во октомври со две гостувања. На 10 октомври, нашиот национален тим гостува кај Летонија, па три дена подоцна следи гостински натпревар и кај Ерменија.

барди