Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски, е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех Костовски го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски, кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио во 2021 година.
Признанија за остварувања во областа на спортот денеска им беа доделени и на нашиот колега од МОК, Мирко Димчевски како и на Рамадан Шабани и Димитар Јованов од борење и на првиот стрелец за Македонската фудбалска репрезентација, Зоран Бошковски.
Димчевски се натпреваруваше во категориите до 48 кг и 52 кг. Во кариерата настапуваше за БК Вардар, БК Бучим и БК Скопје. 4 години интернационална кариера во Швајцарија. Победник на 10 државни првенства и 15 години репрезенативец во поранешна Југославија. Учесник на Медитерански игри и Балкански првенства.