Назад
Дарио Ивановски, учесник на ОИ Париз 2024

🗣️Ви ги претставуваме учесниците на претстојната олимпијада која ќе се одржи од 26 јули - 11 август оваа година во Париз 🇫🇷.

#Paris2024 🇫🇷

#TeamMKD 🇲🇰

#RoadToParis2024

🏃‍♂️Дарио Ивановски, Олимписки стипендист на МОК

Ивановски има трчано 🏃🏼 бројни атлетски дистанци во кариерата, а дебито на маратонските патеки го имаше на Скопскиот маратон во 2️⃣0️⃣2️⃣0️⃣, на кој следната година и победи. Во меѓувреме, тој продолжи да ги подобрува своите времиња, па во последните години неколкупати го подобруваше државниот рекорд во маратон, што во моментов изнесува 02:08:26 остварено во Севиља 🇪🇸во февруари оваа година.

Дарио во моментов е на подготовки во Франција 🇫🇷 каде ќе остане се до почетокот на игрите.

Му посакуваме среќа на Дарио кој својот настап ќе го има на 10 август на маратонската трка низ Париз‼️

Dario Ivanovski