Во рамки на проектот „Фер игра: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, се одржа третата работилница во Струга на тема „Зајакнување на лидерските вештини кај девојките“.
На работилницата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат младите девојки во спортот и за начините како да се постигне позитивна промена во спортската заедница. Продолжуваме со градење на капацитети преку активна младина, со цел постигнување родова еднаквост на лидерските позиции во спортот.
Проектот е поддржан од ЕУ.








