Назад
Соработка меѓу МOK и општина Ѓорче Петров: едукациски програми за наставниците по физичко и поддршка за спортистите

Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет Даниел Димевски и генералниот секретар Сашо Поповски, денес беа во посета на општина Ѓорче Петров. На средбата со градоначалникот, Александар Стојкоски се обврзаа на взаемна соработка во делот на едукацијата на наставниците по физичко образование, унапредувањето на можностите на спортските работници во општината, како и издигање на спортот на едно повисоко ниво, коешто ќе продуцира нови спортски подвизи и резултати.

гп 2

Беше одржан и работен состанок со сите наставници по физичко образование на територијата на општина Ѓорче Петров на кој е разговарано за аномалиите и недостатоците во развојот на спортот, како и во формирањето на нови млади спортски величини, кои треба да се репрезент на општината и државата.

гп 4

Реализирана е и обука на којашто присуствуваа наставниците и имаа можност преку разни искуства на Македонскиот Олимписки Комитет да дознаат повеќе околу тестирањето и скринингот на телесната конфигурација на спортистите, се со цел истите да бидат здрави во тренажните процеси и да бидат здрави млади луѓе кои ќе можат да го даваат својот максимум во спортот во кој се натпреваруваат.

гп 5

Општина Ѓорче Петров ќе иницира интензивна соработка на ова поле, се со цел младите перспективни спортисти од нашата општина да ги имаат сите услови за работа, односно да бидат под мониторинг на едуцирани и професионални кадри, коишто секојдневно ќе бидат посветени на развојот и напредокот на спортистите.

гп 3