Назад
ОДРЖАНА ОБУКА ЗА СТРАТЕШКИ МЕНАЏМЕНТ

Во рамките на Олимписката програма на МОК, Напреден спортски менаџмент, беше одржано предавање од страна на Генералниот секретар на Косовскиот олимписки комитет, Бесим Алити, експерт за стратешки менаџмент. На предавањето, посебно внимание се посвети на теми како што се подготовка и изработка на стратешки план, поставување на стратешка дијагноза, развој и имплементација на спортски планови со цел за постигнување на стратешките цели, оценување на ефектите од имплементацијата на стратегијата  и многу други слични теми.

Besim Aliti 1

Инаку Бесим Алити беше Претседател на Комисијата за кандидатура на Косовскиот Олимписки комитет за органзиација на Медитеранските игри Приштина 2030, виш менаџер на Исламските игри на солидарност Баку 2017, Надворешен соработник за Спортски менаџмент на Универзитетот во Загреб, спортски менаџер на EUSA - Европска универзитетска спортска асоцијација, Директор за операции на Игрите на европските универзитети 2016, Заменик менаџер за конкуренција на ФИБА Евробаскет 2015 година, Менаџер за операции на Европските игри Баку 2015 и други функции кои беа искористени за трансфер на знаењето и искуствата на учесниците кои се дел од оваа обука.

Besim Aliti 2