Назад
„Today’s Sport 23“

Вторoто издание на спортскиот самит „Today’s Sport 23“, кој претставува најмасовен и единствен од ваков тим на спортско-образовни настани во нашата држава, ќе се одржи денес (26 октомври) во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје (од 10 часот).

Основната цел на спортскиот самит е усогласување на спортско-образовни политики со европските, односно одржување на константи промени во спортскиот систем особено оној професионалниот преку воведување на нови начини на финансирање, нови начини на менаџирање во спортот но и воведување на нови спортски професии како што се спортски менаџер и спортски туризмолог, исто така и решавање на статусот на нашите спортисти.

Секоја година самитот ја има високо на својата агенда најболната тема во нашето општество корупцијата во спортот за која ќе се говори јавно и отворено.

Спортскиот самит ќе настојува да понуди позитивни и соодветни спортско-образовни политики кои се базирани на искуствата на европските спортски политики.

На самитот ќе има четири спортски дебати и тоа на тема:

глобален спорт, спортска едукација, корупција во спортот и спортот и здравјето. Во секоја од овие дебати ќе учествуваат еминентни професори, декани и продекани на јавните и приватните факултети во нашата држава, судии, спортски работници, претставници на министерство за образование и наука и македонскиот олимписки комитет.


Се очекува во дебатата да активно да учествуваат повеќе од 200 гости со цел да се воспостават идните спортски политики во нашата држава преку носење на конкретни заклучоци.