Назад
Конференција во рамки на проектот ЕРАЗМУС

Во просториите на Олимпискиот Комитет на Грција се одржа конференција и третиот проектен состанок во рамки на Еразмус проектот #GAMES.

Претседателката на Комисијата за родова еднаквост при МОК Силвија Митевска го презентираше националниот акциски план кој опфаќа пет главни цели и стратегии како да се зголеми родовата застапеност во спортскиот сектор. 

Покрај МОК, акциски планови за родова еднаквост подготвија и Олимписките Комитети на Германија, Белгија, Ирска, Грција, Турција, Латвија и Чешка. 


Една од следните активности на МОК ќе биде презентација на акцискиот план пред пошироката спортска јавност. 


Очекуваме овој план да направи реална промена во македонскиот спортски екосистем и значително придонесе кон креирање на еднаква и инклузивна спортска средина за сите.