Назад
Мила Релиќ бронзена на Европското клупско првенство во Софија

Нов голем успех на нашата таеквондистка Мила Рељиќ, која со 3 извонредни победи освои бронзен медал на Европското Клупско Првенство во Софија. Во првото коло Мила беше поуспешна во рунди 2:1 против Ива Петровиќ (Србија) во второто коло беше подобра од извонредната Латвијката Инес Тарвида со 2:1 во рунди. Инес Тарвида тренира во еден од најдобрите светски клубови Фридришхафен во Германија и до сега има 2 бронзени медали од светските првенство во 2017 во Сеул и 2019 во Манчестер. Првата рунда Мила ја изгуби но следните две беше подобра и шампионскиот дух на Мила излезе на виделина и ја победи извонредната Инес. Во борбата за медал Мила беше поуспешна од Хелена Кичема во 2:0 во рунди. Хелена е актуелна европска вицешампионка до 21г. Во полуфиналето Мила изгуби од Јоланта Тарвида (сестра на Инес Тарвида). Со овој медал Мила ветува и силно чекори кон медал на претстојното светско првенство во Баку, Азербејџан на почеток на јуни и Европските Олимписки Игри кон крајот на јуни во Краков, Полска.