Назад
ПОСЛЕ СКОПЈЕ – ЛОС АНЏЕЛЕС

Денес на програмата се финалните натпревари во пет категории на меѓународниот турнир во Текбол на кој учество земаа 151 играч од 53 земји.

Скопје се покажа како одличен домаќин, а натпреварите ги проследија голем број на вљубеници во овој спорт уживајќи во одличните атракции кои што ги понудија најдобрите текболџии.

Европската Текбол турнеја Скопје 2023 е второ издание од четирите каде спортистите можат да соберат поени за да се квалификуваат на Европските игри 2023 во Краков.

Следниот ваков турнир ќе се одржи во Лос Анџелес кој ќе биде домаќин од 24-26 февруари.