Назад
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО ФРАНЦУСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски и потпретседателот на Францускиот олимписки комитет, Жан Пјер Сиутат потпишаа договор за стратешко партнерство, документ со кој стратешки ќе се равиваи унапредува размената и соработката на спортски експерти-тренери и спортски знаења во областа на врвниот спорт, спортската администрација и во однос на заеднички подготовки за унапредување на спортските перформанси и спортските резултати на најдобрите македонски и француски спортисти кои ќе ја користат спортска инфраструктура и спортските објекти во пресрет на летните Олимписки игри Париз 2024, Лос Анѓелес 2028 и Бризбејн 2032 како и зимските Олимписки игри во Милано 2026.

Двете страни ќе ги храбрат своите национални спортски федерации да промовираат меѓусебна спортска размена на спортисти, експерти, програми и спортски објекти. 

На средбата присуствуваше и францускиот амбасадор во Македонија, Н.Е. г-динот Сирил Бомгартнер кој исто така потпиша договор со Претседателот на МОК, М-р Даниел Димевски во однос на промоција на ПАРИЗ 2024 како град домаќин на следните Олимписки игри, но и во однос на промоција на францускиот јазик.