Назад
НА СТАРТОТ ПОРАЗ ОД НОРВЕШКА

Македонската ракометна репрезентација загуби од Норвешка со 39:27 во првиот меч на Светското првенство во Полска и Шведска.
Фаворитот за медал беше доминантен и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Филип Талески беше најефикасен со 7 голови, Дејан Манасков имаше 5 а Филип Кузмановски постигна 4. Кај Норвешка, Сандер Сагосен кој беше прогласен за МВП на мечот даде шест голови.