Назад
ЗЛАТНА ОЛИМПИЈА 2022

Со огромно задоволство ја најавуваме втората едиција на ,, Златна Олимпија" 2022, во чии рамки ќе ги наградиме и ќе ги прославиме успесите на сите наши драги спортистки, тренери, судијки, новинарки, менаџерки и сите останати жени активно вклучени во спортскиот сектор кај нас.👏👏👏

Статуетките Златна Олимпија, придружени со 4 плакети, оваа година ќе појдат во рацете на 12 жени и девојки, чии успеси не' радуваат и не' прават горди.

Настанот ќе се одржи на 28ми декември и ќе биде емитуван на каналот на МОК.

Голема благодарност до спонзорите на овој настан меѓу кои: Cryo MK , ГОРСКА вода , Lazar Winery , Vitaminka , Стопанска банка АД - Скопје , @noel 🙏

Следете не' за повеќе информации околу овој за нас значаен настан 🌟