Назад
Македонија Опен 2022

Викендов во спортската сала Јане Сандански се одржа дводневен натпревар во стандардни и латино танци. Настанот за отворен го прогласи претседателот на МОК, м-р Даниел Димевски.
Учество земаа стотици танчери спортисти од висока натпреварувачка класа (Танцови Спортски Двојки, солисти и тимови) кои беа застапени од преку 20 држави учеснички.
Танцовите спортски натпревари се едни од највисоката класа во регионот, а организирани се според стандардите кои ги дефинира Светската Танцова Спортска Федерација (World DanceSport Federation - WDSF).
Настанот во рамките на дводневните натпревари се одржа во дисциплините на Стандардни и Латиноамерикански Спортски Танции Модерни Спортски Танци.