Роден на 30.04.1969 год. во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрирал на Правниот факултет во Скопје на отсекот за меѓународно право, политика и дипломатија. Течно говори, чита и пишува англиски. Се служи со италијански јазик.
Спортска и спортско-менаџерска кариера
• 1989-1990: Настапувал за студентскиот тим во кошарка на Економскиот факултет.
• 1996-2001: Претседател на КК Работнички (четири пати државен првак на Македонија).
• 2005-2015: Претседател на Македонската кошаркарска федерација. Ја презеде Федерацијата во дивизија Б за веднаш потоа да се пласира во дивизија А и четири пати по ред да обезбеди учество на завршниците од европските првенства, вклучително и освојувањето на епското 4-то место во Литванија (највисок пласман на една репрезентација од колективните спортови).
• 2010-2014: Претседател на Натпреварувачката комисија на ФИБА Европа. Го промени форматот од 16 на 24 земји учеснички на ЕП, воведе нов систем на организација со повеќе земји коорганизатори, и организираше 13 ЕП за млади категории во Македонија.
• 2014: Кандидат за Претседател на ФИБА Европа (загуби во финалната изборна рунда од актуелниот претседател).
• 2012-наваму: Член на Управниот одбор на МОК.
• 2015-наваму: Програмски директор и официјален предавач на Напредниот семинар за спортски менаџмент под покровителство на ИОК (предмет: Финансиски менаџмент).
• 2017-2020: Советник на Премиерот на РСМ за прашања од областа на спортот. Автор и реализатор на Ваучерскиот систем за финансиска поддршка на спортот.
Награди и признанија
• Добитник на највисокото државно признание – Златен медал (орден) за заслуги за Македонија за промоција на државата во областа на спортот.
• Добитник на престижното ФЕР ПЛЕЈ признание од ФИБА Европа за својот учинок, како и Признаница за исклучително успешно раководење на Натпреварувачката комисија.
• Титула на Почесен граѓанин на градот Темпи во Аризона, САД.
• Добитник на Признанието „Спортски работник на деценијата“.
Не е член ниту досега членувал во ниту една политичка партија. Оженет, татко на четири деца.
Раководство
• Претседател: Даниел Димевски
• Потпретседател на УО и Собрание: Димитар Костадинов
• Потпретседател на УО и Собрание: Дејан Митровски
• Потпретседател на УО и Собрание: Цветанка Макаровска (Федерација за лизгачки спортови)
Членови на Управен одбор
• Петар Денковски
• Пулексенија Јовановска
• Ѓоко Стојковски
• Сашо Пешев
• Емил Стоименов
• Александра Савевска Андревска
• Тони Стојановски
• Ласко Јованов
• Горан Џиковски
Членки - Спортски федерации
• Федерација за гимнастички спортови на Македонија
• Голф федерација на Македонија
• Македонска федерација за дигање тегови
• Кајакарска федерација на Македонија
• Федерација за коњички спортови на Република Северна Македонија
• Федерација за лизгачки спортови на С. Македонија
• Мечувалечка федерација на Македонија
• Одбојкарска федерација на Македонија
• Пинг-понгарска федерација на Северна Македонија
• Национална пливачка федерација на Македонија
• Македонска спортско стрелачка федерација
• Таеквондо федерација на Македонија
• Триатлон федерација на Македонија
Членови без право на глас:
• Ѓорги Тасев
• Петар Спасеновски