*Проектот True Sport Integrity Program (TSIP) е иницијатива која ќе се спроведува од 1 февруари до 31 декември 2024 година, со цел да се

зголеми свеста за интегритетот во спортот, особено кај тренерите и младите спортисти во Северна Македонија. Спортскиот интегритет е темелот на чесноста, фер играта и етиката, кои ја претвораат секоја победа во вистинска вредност и секој спортист во пример за инспирација. Програмата опфаќа четири фази, вклучувајќи анализа на потребите, развој на дигитални едукативни алатки, обука за специфични групи и евалуација на резултатите.


Главните цели на проектот се:

- Подобрување на капацитетите на тренери и судии.

- Подигнување на свеста за интегритетот кај  младите спортисти директно и пошироката спортска јавност индиректно.

- Организирање на кампови и работилници за поддршка на спортската етика и фер игра.


Проектот е насочен кон долгорочна одржливост преку континуирана едукација, подобрување на управувањето и градење партнерства во спортскиот сектор.

Брошура (download)