TikTok
Назад
Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“

Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со ООУ „Владо Тасевски“ од општина Карпош, денеска го одбележа Светскиот ден на детето со програма посветена на играта, дружењето и олимписките вредности.

Олимпискиот дух во училиштето МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“ (2)

По тој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски и Петар Спасеновски, раководител на Секторот за спорт и спортски прашања при МОК, ги посетија учениците, кои им приредија пречек пред училиштето. Средбата беше одбележана и со симболична размена на подароци меѓу Димевски и директорот на училиштето.

Олимпискиот дух во училиштето МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“ (3)

Во свечениот дел беа претставени ликовната изложба „Олимписки вредности низ очите на децата“ и расказ на тема спорт, олимпизам, етика и фер-плеј, кој го прочитаа ученици. Преку интерактивен дел, учениците се запознаа со олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност. Спортските активности свечено беа отворени со пуштање балони во олимписките бои.

Олимпискиот дух во училиштето МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“ (2)

„Олимпизмот не е само за врвни спортисти што се натпреваруваат пред целиот свет. Олимпизмот е начин на живот“, порача претседателот Димевски пред учениците. Тој ги потсети дека вистинската вредност е во трудот, упорноста и желбата да бидеме подобри од денес, а не од другите.„Не ме интересира кој ќе победи, туку кој ќе ужива, кој ќе му помогне на другарот и кој ќе покаже фер-плеј“, додаде Димевски.

Олимпискиот дух во училиштето МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“ (8)

Потоа следеа спортски натпревари – одбојка во мешани екипи од 6. до 9. одделение и мини-турнир во фудбал, додека помладите ученици учествуваа во штафетни трки и други спортски игри. МОК му донираше на училиштето спортска опрема – топки за фудбал, кошарка и одбојка.

Олимпискиот дух во училиштето МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“ (6)

Со ваквите активности, МОК ги доближува олимписките вредности до најмладите и го поттикнува спортот како дел од секојдневниот живот на децата.

Олимпискиот дух во училиштето МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“ (5)
Олимпискиот дух во училиштето МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“