На 23 и 24 ноември во Загреб се одржа завршната конференција на европскиот проект GUARD, со што беше заокружена речиси тригодишната меѓународна соработка насочена кон зајакнување на системите за заштита на децата во спортот.
Конференцијата беше можност за презентирање на постигнатите резултати, развиените алатки и едукативната рамка, како и за размена на искуства и примери на добра практика со домашни и меѓународни експерти.
Во име на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, на конференцијата присуствуваше Билјана Кузмановска, која беше дел од оваа значајна меѓународна средба посветена на унапредување на безбедноста и благосостојбата на децата во спортот.
Посебен акцент беше ставен на практичната примена на резултатите од проектот, континуираната едукација на спортските работници и тренерите, како и на заедничката одговорност на спортските организации и институциите во создавањето безбедна, инклузивна и поддржувачка спортска средина за секое дете.
Проектот GUARD завршува, но неговите резултати, алатки и пораки остануваат важна основа за понатамошно унапредување на системот за заштита на децата и градење спортска средина во која секое дете ќе се чувствува безбедно, прифатено и заштитено.
Безбедноста на децата во спортот не е избор, туку заедничка одговорност!