Назад
САМО 1 ГОДИНА ДО ПАРИЗ 2024

Најрамноправни, најспектакуларни и најпристапни Олимписки игри за сите, како никогаш до сега. Со слоганот „Игри широко отворени“, Париз 2024 ќе собере милиони гледачи, туристи, посетители и повеќе од 10.000 спортисти за новата ера на Олимписките игри. Сето ова ќе започне со извонредна церемонија на отворање на Олимписките игри, планирана на 26 јули 2024 година со почеток во 20,00 часот!

По овој повод, Париз 2024 го откри факелот за следните Олимписки и Параолимписки игри. Олимпискиот Факел за Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година беше откриен во вторник на 25 јули. Неговиот дизајнер, #MathieuLehanneur, беше инспириран од трите симболи на претстојните Игри: еднаквост, вода и мир!

Олимпискиот факел ќе го носат 11.000 луѓе (10.000 за Олимписките игри, 1.000 за параолимписките игри) за време на штафетата што ќе започне со првите чекори на Олимпискиот факел во Франција на 8 мај 2024 година.

fakel 2