Врз основа на Олимписката повелба на Меѓународниот олимписки комитет, врз основа на член 5, 16 и 18 од Законот за здруженија и фондации (“Службен Весник на Р.М.“ бр. 52/10,135/11 и 55/16) и член 10 и 11 став 6 Законот за спортот (“Сл. Весник на Р.М.“ бр. 29/02,66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14, 145/14, 177/14, 72/15, 153/15, 244/15, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16, 190/16 и 98/19), согласно начелата на Олимписката повелба на Меѓународниот олимписки комитет и интересите на Олимпизмот и спортот во Република Северна Македонија, Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, на седницата одржана на 16 Јуни 2021 година донесе:
СТАТУТ
НА ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Олимпискиот комитет на Северна Македонија е највисока Олимписка и спортска невладина и неполитичка oрганизација – здружение на граѓани во која конститутивни членки се националните спортски федерации од олимписките спортови. Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Олимписка и спортска организација која што припаѓа на Олимпиското движење, застапуван од долепотпишаниот е формиран врз основа на Олимписката Повелба, законот за здруженија на граѓани и фондации на Република Северна Македонија. Олимпискиот комитет на Северна Македонија е Олимписко и спортско здружение во кое може да се зачленуваат Националните спортски федерации од Република Северна Македонија, од олимписките и неолимписките спортови. Олимпискиот комитет на Северна Македонија е формиран на 20 Март 1992 година, во Скопје и е признат од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), на 101-та сесија, одржана на 23 Септември 1993 година, во Монте Карло. Олимпискиот комитет на Северна Македонија е член и на АНОК (Асоцијацијата на Националните олимписки комитети, ЕОК (Европските олимписки комитети), АБНОК (Балканска асоцијација на олимписки комитети), Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ) и ЕНГСО (Европска асоцијација на невладини спортски асоцијации) како и на други соодветни меѓународни Олимписки и спортски асоцијации. Олимпискиот комитет на Северна Македонија со овој Статут се обврзува да ги почитува одредбите на Олимписката повелба и Светскиот антидопинг код и да ги почитува одлуките на ИОК.
Член 2
Целосен назив на Олимписки комитет на Северна Македонија е: Олимписки комитет на Северна Македонија. Краток назив на Олимпискиот комитет на Северна Македонија е: Олимписки комитет на Северна Македонија.
Член 3
Олимпискиот комитет на Северна Македонија се основа согласно Олимписката повелба на Меѓународниот олимписки комитет и Законот за здруженија на граѓани и фондации. Олимпискиот комитет на Северна Македонија има својство на правно лице.
Член 4
Олимпискиот комитет на Северна Македонија дејствува на територијата на Република Северна Македонија. Седиштето на Олимпискиот комитет на Северна Македонија е на адреса: Булевар Асном бр.1, 1000 Скопје.
Член 5
Времетраењето на Олимпискиот комитет на Северна Македонија е неограничено.
Член 6
Олимпискиот комитет на Северна Македонија има свој знак, знаме, химна и печат, кои се предмет на одобрение од страна на ИОК во согласност со Олимписката Повелба. Знакот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија се содржи до симболични два реда на коси траки кои ја претставуваат буквата “М“, а под буквата се отсликани петте олимписки кругови. Знакот е во црвена боја, а Олимписките кругови се во пет бои: плава, жолта, црна, зелена и црвена. Печатот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија е со кружен облик, на кој е испишан текст “Олимписки комитет на Северна Македонија“, а во средината на печатот се наоѓа знакот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија со петте Олимписки кругови кои го преставуваат симболот на олимпиското движење.
Член 7
Со овој Статут се уредува:
а) мисијата, целите и задачите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
б) внатрешната организација на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
в) начинот на работа на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
г) членството и начинот на остварување на правата и обврските на членовите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
д) други прашања од делокругот на работењето на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Член 8
Олимпискиот комитет на Северна Македонија делува на целокупната територија на Република Северна Македонија. Олимпискиот комитет на Северна Македонија има исклучива надлежност да ја претставува Републиката и да ја состави, организира и води Олимписката делегација од Републиката на Олимписките игри и на сите останати меѓународни натпреварувања кои се под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет и другите меѓународни Олимписки и спортски организации во кои членува Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Олимпискиот комитет на Северна Македонија има ексклузивна надлежност да избере и назначи заинтересирани домаќини од Републиката кои можат да се кандидараат да бидат организатори на Олимписките игри.
Мисија и визија на Олимпискиот комитет на Северна Македонија
Член 9
Мисија
Мисија на Олимпискиот комитет на Северна Македонија е да го штити Олимпиското движење во Републиката и да го промовира врвниот Олимписки и спортскиот систем овозможувајќи на спортистите-Олимписки кандидати и во тесна соработка со спортистите, Националните спортски федерации, државата и државните институции, приватниот сектор и високо образовните институции како и со врвните меѓународни спортски организации, врвни услови за постигнување на врвни спортски резултати на најдобрите македонски спортисти.
Визија
Да биде високо респектирана Олимписка организација на меѓународно и национално ниво и да биде добро менаџирана Олимписка спортска организација преку ефикасен менаџмент систем и успешна при испорака на квалитетни спортски програми во соработка со Националните спортски федерации.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 10
Основни цели и задачи на Олимпискиот комитет на Северна Македонија се:
а) да создава услови за подготовки и учество на врвните спортистите и екипите од Републиката на Олимписките игри, во соработка со Националните спортски федерации и да ги испраќа спортистите да учествуват на Олимписките игри на сите меѓународни мулти-спортски натпревари организирани од страна на Меѓународниот олимписки комитет, Европските олимписки комитети, Меѓународниот комитет на Медитеранските игри и другите меѓународни мулти спортски организации;
б) да ја состави, води и организира Олимписката делегација од Републиката на мулти-спортските игри и натпреварувања споменати погоре, во координација со Националните спортски федерации;
в) да го промовира, развива и штити Олимпиското движење во Републиката;
г) да обезбеди почитување на Олимписката повелба во Републиката;
д) да обезбеди промоција на основните принципи на Олимпизмот во Републиката, посебно на полето на спортот и едукацијата, преку промоција на Олимписките едукативни програми на сите едукативни нивоа, како и да ги поттикнува институциите кои се посветени на Олимпиското образование, како што се Олимпискиот Музеј и Олимписката академија;
ѓ) да го јакне и поддржува развојот на врвниот спорт, како и Спортот за сите, училишниот и универзитетскиот спорт во Републиката;
е) да иницира и да учествува во активности за промоција на половата рамноправност во спортот во активности кои даваат целосен придонес во развојот на еднаквото учество на жената во спортот;
ж) да ја развива меѓунродната спортска соработка;
з) да помага во обуката на спортска адиминистрација;
ѕ) да превзема мерки прортив секакви форми на дискриминација и насилство во спортот;
и) да ги храбри и да ги поддржува мерките поврзани со медицинската заштита и заштита на здравјето на спортистите и да превзема акции против употреба на допинг средства, забранети од страна на ИОК, Светската анти допинг агенција (WADA - World anti-Doping Agnecy) и меѓународните спортски федерации;
ј) да го усвои и имплементира Светскиот анти-допинг код, со што ќе се осигура дека анти-допинг политиките и правилата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, барањата за членство и/или финансирање и процедурите за управување со резултатите се во согласност со Светскиот анти-допинг код и ги почитуваат сите улоги и одговорности за Националните олимписки комитети кои се наведени во Светскиот анти-допинг код.
к) да учествува во подготвувањето на Програмата за равој на спортот и Законот за спорт;
л) соработка со владини и невладини организации заради остварување на целите и задачите на овој Статут;
љ) истражување, документирање и публикување на податоци од интерес на историјата и развојот на спортот кај нас;
м) да го поддржи и охрабри промовирањето на спортската етика, борбата против допингот, мирот преку спортот и да демонстрира одговорна грижа за одржливост и еколошки проблеми;
Автономија и добро владеење
Член 11
Признавајќи дека спортот се јавува во рамките на општеството, Олимпискиот комитет на Северна Македонија ќе примени политичка неутралност. Олимпискиот комитет на Северна Македонија има права и обврски на автономија, кои вклучуваат слободно воспоставување и контрола на правилата на спортот, утврдување на својата внатрешна структура и управување, уживање на правото на избори ослободени од какво и да е надворешно влијание и одговорност за обезбедување на примена на принципите за добро управување. Олимпискиот комитет на Северна Македонија во своето функционирање и делување настапува автономно, независно и самостојно и се спротивставува на сите притисоци од кој било вид, вклучувајќи но не ограничувајќи се на политички, правни, религиозни, или економски притисоци, кои што можат да го спречат да се придржува кон Олимписката Повелба.
Соработка со други тела
Член 12
Со цел да ја исполни својата мисија, Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да соработува со владини тела, со кои ќе постигнат хармонични односи, со меѓусебно разбирање и почитување на автономијата, улогата и одговорностите на секој од нив. Како и да е, Олимпискиот комитет на Северна Македонија нема да се поврзува со каква и да е активност која би била во спротивност со Олимписката повелба. Олимпискиот комитет на Северна Македонија исто така може да соработува со невладини тела.
КОРИСТЕЊЕ НА ОЛИМПИСКИ СИМБОЛИ, ЗНАМЕ, МОТО, И ХИМНА
Член 13
Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да користи само олимписки симбол, знаме, мото и химна (кои се ексклузивна сопственост на ИОК) во рамките на своите непрофитни активности, под услов таквата употреба да придонесува за развојот на Олимпиското движење и не смее да го нарушува своето достоинство, под услов за тоа да има добиено претходно одобрение од страна на ИОК, во согласност со Олимписката повелба. Сите олимписки симболи кои се во сопственост на ИОК, вклучително, но не ограничувајќи се на олимпискиот симбол, знамето, мотото, химната, идентификациите (вклучително и не ограничувајќи се на „Олимписките игри“ и „Игрите на Олимпијадата“), назнаки, амблеми, пламен и факели и сите права на сите олимписки својства, како и сите права за нивна употреба, припаѓаат исклучиво на ИОК. Олимпискиот комитет на Северна Македонија е одговорен пред ИОК за надгледување во Република Северна Македонија, на правилата 7-14 и БЛР 7-14 од Олимписката повелба. Олимпискиот комитет на Северна Македонија ќе превземе чекори за да се забрани каква било употреба на олимписките симболи што би било спротивно на ваквите правила или нивните подзаконски акти. Исто така, ќе се обиде да добие, во корист на ИОК, заштита на олимписките симболи на ИОК.
СТРАТЕШКИ И ОПЕРАТИВНИ ПЛАНОВИ
Член 14
Визијата, мисијата, улогата, целите, овластувањата и одговорностите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија ќе се спроведуваат преку конзистентни стратешки и оперативни планови утврдени за ограничен временски период, со можност за нивно прилагодување на променливите околности кога е тоа потребно. Стратешките и оперативните планови мора да вклучуваат проценка на ризикот за Олимпискиот комитет на Северна Македонија и рамка за набљудување и евалуација.
ЧЛЕНСТВО
Член 15
Членови на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, под условите содржани во овој Статут, се:
- Национални спортски федерации чии спортови се опфатени со програмата на Олимписките Игри, кои истовремено членуваат во меѓународните спортски федерации признати од страна на ИОК. Овие федерации секогаш мора да го сочинуват гласачкото мнозинство на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
- Други членови на ИОК од Република Северна Македонија, доколку такви постојат;
- Национални спортски федерации за спортови кои не се опфатени со програмата на Олимписките Игри, кои истовремено членуваат во меѓународна спортска федерација од соодветниот спорт, призната од ИОК;
- Избрани претставници на Комисијата на спортисти на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, избрани според правилникот на ИОК за Комисијата на спортисти, кои учествувале на најмалку една олимпијада, во последните три изданија на Олимписките игри;
- Ограничен број на други спортски организации или физички лица кои со своето членство би ја зајакнале ефективноста на Олимпискиот комитет на Северна Македонија или би придонеле за развојот на националниот спорт, во согласност со овој Статут; Собранието на предлог на Управниот одбор може исто така да назначи и почесни членови, физички лица кои преку своите активности се посебно заслужни преку своите долгорочни придонеси за работата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, развојот на спортот и Олимпизмот. Почесните членови може да учествуват во работата на Собранието, но без право на глас. Олимпискиот комитет на Северна Македонија нема да признае/прифати повеќе од една национална федерација за секој спорт воден од страна на Меѓународната спортска федерација од соодветниот спорт.
Член 16
За приемот на членовите во Олимпискиот комитет на Северна Македонија одлучува Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија и тоа на предлог на Управниот одбор. Книгата на членови на Олимпискиот комитет на Северна Македонија се води електронски, а за секој член се запишува:
- Назив на членот;
- ЕМБГ или ЕМБС за членот; и
- Категорија на членство.
Книгата на членови на Олимпискиот комитет на Северна Македонија е достапна на увид по барање на сите членови и надлежни органи и ќе служи како основа за одржување на состаноците на Собранието.
Член 17
Членовите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија мора да ги исполнуваат следните услови за да го воспостават и одржуваат членството:
- да ги прифатат Олимписката Повелба на ИОК и Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија и задолжително кон нив да се придржуваат и да ги почитуваат во својата работа;
- доколку се правни лица, да се основани во согласност со позитивната законска регулатива на Република Северна Македонија, а соодветната документација за основање да ја достават до Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
- доколку се правни лица, целта за основање да биде развојот и унапредувањето, ширењето и промовирањето на спортот во Република Северна Македонија, во согласност со начелата на спортот и Олимпиското движење и активно да дејстуваат во остварувањето на таквата цел;
- да ги почитуваат и извршуваат одлуките, наредбите, заклучоците и сл. на органите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
- во своето дејствување да постапуваат во согласност со позитивната правна регулатива на Република Северна Македонија;
- индивидуалните членови или делегати на правните лица, мора да имат државјанство на Република Северна Македонија.
- како дополнение, член на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да биде само лице кое не е осудено со правосилна судска пресуда на затвор, повеќе од шест месеци или не е осудено за криминален престап кој што вклучува елементи на корупција, измама насилство и/или кој што може да наштети на угледот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Член 18
Членовите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да бидат категоризирани како:
- Полноправни членови со право на глас;
- Придружни членови без право на глас;
- Почесни членови без право на глас.
Полноправни членови
Член 19
Полноправните членови, согласно член 15 од овој Статут, ги уживаат правата на членови на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Полноправните членови имаат право на по 1 (еден) глас во Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Придружни членови без право на глас
Член 20
Придружни членови на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да бидат:
- националните спортски федерации регистрирани на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за спорт на Република Северна Македонија, кои истовремено членуваат во меѓународна спортска федерација призната од ИОК, а е надлежна за спорт кој не е опфатен со програмата на Олимписките Игри;
- други спортски организации или физички лица кои со своето членство би ја зајакнале ефективностана Олимпискиот комитет на Северна Македонија или би придонеле за развојот на Олимпизмот и спортот, во согласност со овој Статут.
Придружните членови можат да учествуват во работата на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, без право на глас.
Почесни членови без право на глас
Член 21
Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може како почесен член на Олимпискиот комитет на Северна Македонија да именува физички лица кои преку своето дејствување се особено заслужни за долгогодишен допринос кон делувањето на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, развојот на спортот и олимпизмот. Предлог за именување на почесен член на Олимпискиот комитет на Северна Македонија до Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да достави Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Почесните членови можат да учествуваат во работата на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија без право на глас.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ –
ЧЛЕНКИ НА ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 22
Националните спортски федерации - членки на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, согласно овој Статут, ги имаат следните права:
- Се здобиваат со можност за финансирање на нивните Олимписки планови и програми за промоција на врвните спортски резултати на олимписките кандидати од соодветниот спорт;
- Правото да предлагат членови на Комисии, програми, мерки и активности со цел успешно реализирање на Олимписката мисија, исполнување на целите и остварување на надлежностите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Член 23
Националните спортски федерации-членки на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, согласно овој Статут, ги имаат следните обврски:
- Секоја Национална спортска федерација мора да го почитува и да го прифати Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија како и Олимписката повелба на ИОК;
- Заради подобро запознавање со работата и потребите на соодветниот спорт, секоја Национална спортска федерација мора да го извести и покани претставникот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија на своето Собрание, најмалку 14 дена пред одржување на своето Собрание, а потоа и официјално до Канцеларијата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија да достави записник од Собранието. Записникот мора да се достави најдоцна 30 дена од денот на оддржување на Собранието;
- Секоја Национална спортска федерација, најдоцна до 15 Јануари во тековната година, мора да достави до Олимпискиот комитет на Северна Македонија список на активни спортски клубови, членови на соодветната НСФ, кои се вклучени во редовните активности и настапуваат во систем на натпревари за тековната година.
- Национална спортска федерација мора да остварува специфична, реална и постојана спортска активност, да биде поврзана со соодветната меѓународна спортска федерација признаена од ИОК и да биде управувана и усогласена, од сите можни аспекти, со Олимписката повелба на ИОК и согласно правилата на нејзината меѓународна спортска федерација. Статутот на секоја Национална спортска федерација ќе биде во усогласен со стаутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, на Меѓународната спортска федерација во која шточленува и со Олимписката повелба на Меѓународниот олимписки комитет.
- Националната спортска федерација е должна да го достави својот Статут до Олимпискиот комитет на Северна Макдонија, а доколку изврши каква и да е промена на Статутот, должна е да ги сподели истите тие промени, најмногу 15 дена по изгласувањето на овие измени од страна на нивното Собрание;
- Секоја Национална спортска федерација мора да го почитува светскиот анти-допинг код на Светската анти-допинг агенција и да имплементира годишна анти-допинг програма која ќе биде хармонизирана со Светскиот Анти-допинг код на Светската Анти-допинг Агенција;
- Секоја Национална спортска федерација е должна да ги исполнува навремено своите административно-финансиски обврски кон Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
- Доколку постои непочитување на која и да е од погоре наведените обврски од страна на Националните спортски федерации, истите се предмет на мерки и санкции поставени со овој Статут;
- Освен доколку тоа не е поинаку наведено во нивните соодветни Статути и доколку тоа не е во конфликт со Статутите на Меѓународните спортски организации во кои тие членуваат, Националните спортски федерации ќе го признаваат Спортско арбитражниот суд на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (САС на ОКСМ) како врвен и независен спортско ориентиран орган за решавање на спорови и ќе ги признаат одлуките на САС на ОКСМ како конечни, освен ако истите не бидат предмет на жалба пред Судот за спортска арбитража во Лозана, Швајцарија, кој ќе го разреши спорот дефинитивно во согласност со Кодот за спортско поврзаната арбитража.
МЕРКИ И САНКЦИИ
Член 24
Кога некој член на Олимпискиот комитет на Северна Македонија не ги исполнува своите должности и задачи и/или ги прекршил одредбите од Олимписката повелба и / или Етичкиот кодекс на ИОК и/или Светскиот анти-допинг код и/или Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, следниве мерки и санкции може да се применат (во зависност од тежината на фактите и нивото на штета или повреда):
1. опомена, како мерка за полесна повреда со напомена за корекција на своето постапување;
2. времена суспензија, како санкција за потешка повреда со напомена за корекција на своето постапување; и
3. исклучување, како санцкија за потежок прекршок.
Опомената и привремената суспензија може да се изрече со одлука на Управниот одбор.
За мерката исклучување може да одлучи Собранието, на предлог на Управниот одбор и со одлука донесена со најмалку 2/3 од гласовите кои се валидни и кои се дадени од присутните членови со право на глас во Собранието.
За изрекување на мерките и санкциите одлучува Управниот одбор на предлог на Дисциплинската комисија на Олимпискиот комитет на Северна Македонија. Управниот одбор го известува Собранието за изречената мерка или санкција на првата наредна седница на Собранието, со образложение за изречената мерка или санкција.
Во случај на жалба, за изречените санкции (сузпензија или исклучување), одлучува Спортско арбитражниот суд на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Пред да се изречат мерки и санкции, засегнатиот член мора да има фер и разумна можност за сослушување.
Постапката за изрекување мерки и санкции се уредува со посебен интерен акт на Олимпискиот комитет на Северна Македонија усвоен од страна на Собранието.
ПРЕСТАНОК НА ЧЛЕНСТВО
Член 25
На член на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може му престане членството на еден од следните начини:
- по писмено образложено барање од самиот член, и констатирање на таквото барање од страна на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
- со поведување на стечајна или ликвидациона постапка, доколку е правно лице;
- со исклучување од Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
- во случај на смрт (за индивидуални членови);
- доколку засегнатиот член не ги исполнува условите и квалификациите за членство, поставени со овој Статут.
ОРГАНИ И ТЕЛА НА ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 26
Органи на Олимпискиот комитет на Северна Македонија се:
а) Собрание;
б) Управен одбор;
в) Надзорен одбор;
г) Спортскo арбитражен суд (САС);
д) Олимписки совет.
Комисии на Олимпискиот комитет на Северна Македонија се:
а) Етичка комисија
б) Дисциплинска комисија
в) Здравствена комисија
г) Комисија на Спортисти
д) Комисија за родова рамноправност
ѓ) Неолимписки и паралимписки спортови
е) Едукација и култура
ж) Наука и спорт
з) Правна комисија
ѕ) Финансиска комисија
и) Маркетинг комисија
како и други комисии и тела што би се формирале по потреба.
Сите членови на комисиите и телата на Олимписки комитет на Северна Македонија имаат мандат од 4 години со можност за реизбор, доколку тоа поинаку не е регулирано со овој Статут.
Член на одборот и телата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија мора да ги исполнува условите за членство наведени во член 17 од овој Статут.
СОБРАНИЕ НА ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 27
Собранието е највисок орган и орган кој носи одлуки во Олимписки комитет на Северна Македонија.
1. Собранието нa Олимписки комитет на Северна Македонија се состои од следниве членови:
а. Сите национални спортски федерации кои се приклучени кон меѓународните федерации кои го водат спортот кој е вклучен на програмата на Олимписките игри. Тие треба да бидат претставени во Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија од страна на нивните избрани претседатели или од страна на друг нивен претставник кој ќе биде прописно ополномоштен од страна на засегнатата Национална спортска федерација. Секоја од овие Национални спортски федерации ќе има право на по еден глас и тие секогаш ќе мора да го сочинуваат гласачкото мнозинство во Собранието.
б. Член(ови) на Меѓународниот олимписки комитет во Република Северна Македонија, доколку ги има, кои по службена должност се членови со право на еден глас.
в. Двајца претставници од Комисијата на спортисти, по можност едно машко и едно женско, секој со по еден глас, избрани од страна на Комисијата на спортисти на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, од спортистите кои учествувале на најмалку една од трите последни изданија на Олимписките игри.
2. Собранието, исто така,може да ги вклучат и следните членови:
а. националните спортски федерации приклучени кон Меѓународните спортски федерации признати од страна на Меѓународниот олимписки комитет, од спортовите кои не се вклучени на програмата на Олимписките игри. Тие треба да бидат претставени во Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија од страна на нивните избрани претседатели или на друг делегат кој ќе биде прописно ополномоштен од страна на засегнатата Национална спортска федерација. Секој од нив има право на по еден глас.
б. Паралимписки комитет, претставен од нивниот претседател или делегат, со еден глас.
в. Ограничен број на поединечни членови и други спортско ориентирани организации. Овие членови можат да бидат врвни спортисти, спортски работници и учесници на Олимписките игри. Тие ќе ја зајакнат ефикасноста на Националниот олимписки комитет или ќе имат дадени извонредни услуги за каузата на спортот и Олимпизмот. Нив ги избира Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија на предлог на Управниот одбор. Секој од нив има право на по еден глас.
3. Вкупниот број на членови со право на глас од алинеите 1б, 1в, 2а, 2б и 2в, погоре мора да биде помал од вкупниот број на членови со правона глас од алинеа 1а наведена погоре, за да се обезбеди во секој случај дека Олимписките спортски федерацииод алинеа 1а погоре конституират чисто и знчајно гласачко мнозинство во Собранието.
Член 28
Собранието се состанува најмалку еднаш во годината и ги има следните овластувања:
а) донесува Статут на Олимпискиот комитет на Северна Македонија и други општи акти;
б) Донесува Деловник за работа на Собранието;
в) го усвојува финансискиот извештај со должна ревизија на независен и квалификуван ревизор назначен од страна на Собранието за работата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, што го поднесува генералниот секретар, претходно усвоен од страна на Управниот одбор;
в) го усвојува годишниот извештај на Управниот одбор, за работата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, што го поднесува генералниот секретар, претходно усвоен од страна на Управниот одбор;
г) го донесува буџетот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
д) ги разгледува прашањата од општо значење за развој нa олимпиското движење во Републиката;
ѓ) го избира претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
е) ги избира потпрестседателите и членовите на Управниот одбор на предлог на претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
ж) Собранието, на предлог на Управниот одбор, ги избира членовите на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
з) Собранието може да го разреши претседателот и/или членот на Управниот одбор;
ѕ) може да додаде нови членови на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија на предлог на Управниот одбор;
и) донесува одлука за евентуалното престанување со работа на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, во согласност со Законот за здруженија и фондации и врз основа на претходна координација со ИОК;
ј) донесува Општ акт со кој се уредуваат надлежноста, составот и организацијата на Спортскиот арбитражен суд основан при Олимпискиот комитет на Северна Македонија (во понатамошниот текст: САС), постапката по предметите од неговата надлежност и трошоците во постапките кои се водат пред САС;
к) донесува Етички кодекс за арбитрите кои постапуваат во спорови кои се водат пред САС;
л ) ги избира Претседателот и потпретседателот на САС на предлог на Управниот одбор;
љ) усвојува програма за активностите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
м) применува и било кои други видови на овластувања наведени во овој статут, воопшто, одлучува по сите работи наведени во работната агенда и за било кои работи кои не се дел од овој Статут, а се во согласност со Олимписката повелба.
Член 29
Собранието го свикува и го води Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Собранието се свикува со известување потпишано од Претседателот и испратено до членовите најмалку петнаесет (15) дена пред датумот на оддржување на Собранието, со наведување на датумот, времето, местото и дневниот ред на состанокот, вклучувајќи ги сите потребни документи.
Собранието може да се свика и на вонредна седница, најмногу еднаш годишно, доколку е потребно или доколку тоа се бара од Управниот одбор или доколку тоа го побараат мнозинството од членови на Собранието, со право на глас.
Во исклучителни околности, Собранието може да се свика со известување потпишано од Претседателот и испратено до членовите најмалку седум (7) дена пред датумот на оддржување на Собранието, со наведување на датумот, времето, местото и дневниот ред на состанокот, вклучувајќи ги сите потребни документи.
Член 30
Собранието работи и одлучува со полно право односно носи правосилни одлуки доколку на Собранието се присутни мнозинство од членовите кои имаат право на глас. Собранието може да работи и преку електронски начин на комуникација.
Освен ако поинаку е наведено во овој Статут, одлуките во Собранието се носат со мнозинство гласови од членовите кои се присутни на Собранието, со право на глас. Одлуките за промена на Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија се усвојуват со квалификувано (2/3-двотретинско) мнозинство од вкупниот број на членови со право на глас.
Мандатот на членот на Собранието трае 4 години, со право на реизбор.
Со Собранието претседава претседателот.
Во отсуство или неможност за присуство на Претседателот, еден од Потпретседателите, според деловникот, ќе претседава со состанокот.
Освен ако не е поинаку наведено во овој Статут, кворумот потребен за Собрание е најмалку половина (50%) плус еден од членовите со право на глас, вклучително и мнозинството со право на глас на олимписките спортски федерации. Доколку не може да се постигне овој кворум, Собранието ќе се одложи седум (7) дена подоцна.
Освен ако не е поинаку наведено во овој Статут, одлуките ги донесува Собранието со мнозинство (50% плус еден глас) од гласовите дадени од присутните членови со право на глас.
Собранието може да работи и преку електронски начин на комуникација.
Во случај на ист број на гласови, Претседавачот со Собранието има главен глас (освен за избори).
Гласањето се спроведува со јавно или тајно гласање, како што одлучува Собранието, освен за избор на претседател и членови на Управниот одбор што мора да се спроведе со тајно гласање.
Во случај на смрт, оставка или на трајна спреченост на член на Собранието, испразнетото место го пополнува член на Олимпискиот Совет, кој доаѓа на предлог на Претседателот.
УПРАВЕН ОДБОР
Член 31
Управниот одбор е извршен орган на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
За својата работа Управниот одбор му одговара на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Членовите на Управниот одбор се избират со мандат од 4 (четири) години, со право на реизбор, доколку членовите ги исполнуваат условите наведени во овој статут.
Управниот одбор го сочинуваат Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој е Претседател на Управниот одбор, четири потпретседатели на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, претседатели на Национални спортски федерации и други истакнати лица од спортот и приватниот и јавниот сектор, избрани од страна на Собранието на предлог на претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, имајќи го во предвид став 4 од овој член. Во овој број ќе бидат вклучени и претседателот на Комисијата на спортисти на Олимпискиот комитет на Северна Македонија и членот на Меѓународниот олимписки комитет, доколку таков постои, со право на глас во Управниот одбор.
Мнозинството на членови на Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија мора да биде составено од претставниците на Националните спортски федерации кои доаѓаат од спортовите кои се на програмата на Олимписките игри.
Управниот одбор треба да вклучува најмалку 30% од кој и да е пол.
Генералниот секретар и спортскиот директор на Олимписки комитет на Северна Македонија се членови на Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, без право на глас.
Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија на предлог на претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да донесе одлука за замена до 1/5 од членовите на Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Управниот одборна Олимпискиот комитет на Северна Македонија на предлог на претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да донесе и одлука за вклучување на нови членови на Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Претседателот на Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија должен е на првата наредна седница на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија да го извести Собранието за оваа промена, заради потврда на истата. Овој принцип на замена и/или вклучување на нови членови важи и за другите тела и органи на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Сите ослободени места во Управниот одбор кои ќе се јават како резултат на смрт, оставка или разрешување/исклучување со одлука на Собранието, како што е наведено во овој Статут, се пополнуваат со избор на нов член (или нови членови) на следното Собрание, по предлог од Претседателот, за остатокот од почетниот мандат. Доколку позицијата претседател е испразнета, еден од потпретседателите, според протоколот, ќе ја извршува должноста вршител на должноста претседател се додека не се избере нов претседател во рок од два месеци (60 дена) од страна на Собранието, за остатокот од првичниот мандат.
Член 32
Управниот одбор ги врши следните работи:
а) Управува, администрира и ја води работата на Олимпискиот комитет на Северна Македонија во согласност со овој Статут и одлуките на Собранието и ги подготвува и потврдува ревидираните финансиски извештаи, годишниот буџет и извештаите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија кои ќе бидат доставени до Собранието за одобрување.
б) го организира и се грижи за учеството на спортистите од Републиката на Олимписките игри и утврдува критериуми за избор на олимписки кандидати, во блиска соработка со Националните спортски федерации;
в) утврдува предлози за:
-амандмани на Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
-буџетот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
-нови членови на Собранието;
-претседател и потпретседател на САС.
г) избира свои постојани и привремени работни тела и го определува делокругот на нивната работа;
д) го избира и разрешува Спортскиот директор и членовите на Спортскиот директориум;
ѓ) го избира и разрешува Генералниот секретар на Олимпискиот комитет на Северна Македонија;
е) ја утврдува листата на Арбитри на САС, на предлог на претседателот и потпретседателот на САС, предмет на конечно одобрување од страна на Собранието;
ж) донесува деловодник за своето работење;
з) применува кои и да се други работи според Статутот и/или според барањето на Собранието;
ѕ) ја утврдува листата на Олимписки стипендисти по предлог на Спортскиот директориум.
Член 33
Мандатот на членовите на Управниот одбор трае 4 години со право на реизбор. Управниот одбор работи на седници кои се јавни, своите одлуки ги гласа и ги спроведува со мнозинство на гласовите.
Член 34
Начинот на работа Управниот одбор го уредува со деловник за работа на Управниот одбор.
НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 35
Надзорниот одбор е составен од претседател и 2 членови кои ги избира Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Мандатот на членовите на Надзорниот одбор трае 4 години со право на реизбор. Членовите на Надзорниот одбор не можат да бидат членови на други органи итела на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Надзорниот одбор врши контрола во спроведувањето на законитоста во финансиското работење на Олимпискиот комитет на Северна Македонија. За својата работа како и за наодите и воочените појави поднесува извештај до Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
СПОРТСКИ АРБИТРАЖЕН СУД ПРИ ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 36
Спортско арбитражниот суд (САС) е формиран од страна на Олимпискиот комитет на Северна Македонија како самостоен и независен орган за спортскаарбитража и решавање на споровите во врска со спортот. Надлежноста, составот, организацијата, начинот на работа на САС и постапката по предметите од неговата надлежност се уредуваат со интерен акт што го донесува Собранието.
Надлежноста на САС се однесува на:
Спорови помеѓу спортистите, спортските клубови и Националните спортски федерации;
Спорови во рамките на самите Национални спортски федерации;
Спорови од управна природа кои се однесуват на избори и функционирање на Националните спортски федерации;
Член 37
Одлуката на САС може да биде обжалена од незадоволната страна пред Меѓународниот суд за спортска арбитража во Лозана, Швајцарија, кој ќе донесе конечна одлука во согласност со кодот на спортски поврзаната арбитража.
Член 38
Доколку тоа не е поинаку наведено во нивните Статути, сите членови на Олимпискиот комитет на Северна Македонија со самото членство ја прифаќаат надлежноста на Спортскиот арбитражен суд (САС) при Олимпискиот комитет на Северна Македонија како самостоен и независен орган за спортска арбитража за решавање на споровите во врска со спортот.
ОЛИМПИСКИ СОВЕТ
Член 39
Олимпискиот совет е составен од претседател и 10 членови.
Мандатот на членовите на Олимпискиот совет трае 4 години со право на реизбор
Член 40
Олимпискиот совет ги врши следните работи:
а) предлага критериуми за доделување на признанија и награди до УО на Олимпискиот комитет на Северна Македонија,
б) го помага развојот и омасовувањето на олимпиското движење во Репубиката;
в) делува на планот на популаризација на спортот и олимпизмот кај нас;
г) предлага критериуми за доделување на признание Олимписки великан како и предлоглиста на Олимписки великани до Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
СПОРТСКИ ДИРЕКТОРИУМ
Член 41
Спортскиот директориум е составен од Спортски директор и 6 (шест) членови кои ги предлага Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија до Управниот одбор.
Мандатот на Спортскиот директор и членовите на Спортскиот директориум трае 4 години со право на реизбор.
Спортскиот директор и Спортскиот директориум се одговорни и поднесуват редовни извештаи до Управниот одбор.
Член 42
Спортскиот директориум ги врши следните работи, под надзор на Претседателот на Управниот одбор, и во блиска координација со Националните спортски федерации:
а) Предлага критериуми и норми за учество на спортистите од Републиката на меѓународните спортски манифестации за кои Олимпискиот комитет на Северна Македонија има надлежност и предлага листа на Олимписки стипендисти до Управниот одбор на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
б) Ги координира и следи подготовките на олимписките кандидати и изготвува анализи за постигнатите резултати.
в) Работи на подигањето на нивото на стручната работа во спортот во Републиката.
ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Член 43
Избор на Претседател се врши на Изборно Собрание.
Претходно, Собранието ќе избере Независна изборна комисија која е целосно одговорна за спроведување на изборниот процес како целина (од приемот на номинациите до прогласувањето на конечните резултати).
Оваа независна изборна комисија е составена од три (3) члена, вклучително и претседател. Ниту еден од овие членови не смее да биде кандидат за Претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
За да бидат квалификувани, номинираните кандидати за претседател мора да ги исполнуват
следните услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да има завршено високо образование;
- активно да познава најмалку еден од службените јазици на ИОК, согласно Олимписката повелба,
- да биде предложен од најмалку 1/3 од членовите на Собранието со право на глас, вклучително и од 1/3 од вкупниот број на националните спортски федерации приклучени кон Меѓународните спортски федерации признати од страна на Меѓународниот олимписки комитет, од спортовите кои се вклучени на програмата на Олимписките игри.
- да биде најмалку полни 4 (четири) години од кога е регистриран како претседател на Националната спортска федерација која е приклучена кон Меѓународните спортски федерации признати од страна на Меѓународниот олимписки комитет, од спортовите кои се вклучени на програмата на Олимписките игри;
- да биде лице кое не е осудено со правосилна судска пресуда на затвор, повеќе од шест месеци или не е осудено за криминален престап кој што вклучува елементи на корупција, измама насилство и/или кој што може да наштети на угледот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Номинациите можат да бидат доставени до независната изборна комисија од сите гласачки членови на Собрание, најдоцна седум (7) дена пред денот на изборите.
Изборите се спроведуваат со тајно гласање. За избран претседател се смета кандиатот кој има освоено повеќе од половина од присутните гласови.
Ако има повеќе од два кандидати и никој од нив во првиот круг не освои повеќе од половина од гласовите, ќе се одржи втор круг на гласање во кој ќе се избира претседател од двајцата кандидати за претседател, кои имат освоени најмногу гласови при гласањето во првиот круг.
Надлежност
Член 44
Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија ги извршува следните функции:
- го претставува и застапува Олимпискиот комитет на Северна Македонија во односите со трети лица во Република Северна Македонија и во странство;
- тој/таа е Претседател на Управниот одбор и членува во Управниот одбор со право на глас;
- свикува и заседава со седниците на Управниот одбор;
- свикува и ги води седниците на Собранието;
- презема и поттикнува активности за промовирање на олимпизмот и примена на Олимписката Повелба и овој Статут;
- поттикнува активности за развој и унапредување на функционирање на националниот спорт;
- потпишува правни акти во име и за сметка на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, кои се од интерес на Олимпизмот и спортот;
- ги потпишува општите акти на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, кои се донесени од Собранието и од Управниот одбор;
- предлага кандидати за потпретседатели на Олимпискиот комитет на Северна Македонија и членови на Управниот одбор до Собранието и предлага кандидат за Генерален Секретар и Спортски директор до Управниот одбор;
- извршува и други активности и обврски во согласност со одлуките на Собранието и Управниот одбор, одредбите од Олимписката Повелба и други меѓународни прописи од областа на спортот, општите акти на Олимпискиот комитет на Северна Македонија и овој Статут.
За својата работа Претседателот одговара пред Собранието.
МАНДАТ
Член 45
Мандатот на Претседателот изнесува 4 години, соможност на повторен избор, доколку тој/таа ги исполнува условите наведени во овој Статут.
Член 46
Мандатот на Претседателот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да престане со:
- Истек на времетраењето на мандатот за кој е избран;
- Поднесување на писмена образложена оставка;
- Трајна попреченост или смрт.
РАЗРЕШУВАЊЕ
Член 47
Во случај кога Претседателот ќе поднесе оставка или е трајно попречен во извршувањето на функцијата, Управниот одбор ќе свика вонредна седница на Собранието во рок од 60 дена од настанувањето на погоренаведената ситуација, на која седница ќе се изврши избор на нов Претседател
ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР
Член 48
Олимпискиот комитет на Северна Македонија има Генерален секретар. Генералниот секретар го назначува и разрешува Управниот одбор, на предлог на Претседателот, со мандат од (4) четири години и со право на повторен избор.
Генералниот секретар одговара и поднесува извештај пред Управниот одбор.
Член 49
Генералниот секретар, како раководител на Канцеларијата и соодветната стручна служба на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, ги извршува стручно-организациските, правните, финансиските, комуникациските, административно-техничките и помошните работи за потребите на Олимписки комитет на Северна Македонија.
Генералниот секретар ја извршува својата должност професионално со засновање на редовен работен однос.
ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА
Член 50
Седниците на Собранието, Управниот одбор и комисиите се отворени за јавноста и средствата за информирање. Заради информирање на јавноста, Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да издава билтен и да основа сопствена телевизија и друг вид на електронска комуникација со јавноста.
Член 51
Олимпискиот комитет на Северна Македонија организира разни манифестации и активности за промоција на олимпиското движење преку спортски, културни, уметнички и образовни содржини.
ФИНАНСИРАЊЕ НА ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 52
Олимпискиот комитет на Северна Македонија се финансира од извори што не ја загрозуваат неговата автономија, неговата самостојност и достоинство и во согласност со Олимписката повелба.
Олимписки комитет на Северна Македонија се финансира од:
а) сопствени маркетинг активности;
б) државни субвенции за конкретни програми;
в) донации на претпријатија и поединци;
г) донации од меѓународни олимписки и спортски организации;
д) други соодветни извори.
ЕТИЧКИ КОДЕКС
Член 53
Олимпискиот комитет на Северна Македонија има посебен Етички Кодекс, кој вклучува етички принципи и правила кои ќе се применуваат на членовите на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, носители на функции, членови на органи, и на односите помеѓу Олимпискиот комитет на Северна Македонија и неговите членови.
Етичкиот Кодекс го донесува Собранието како посебен интерен акт, во согласност со одредбите на
етичкиот кодекс на Меѓународниот олимписки комитет.
СТАТУСНИ ПРОМЕНИ, ПРЕСТАНОК, И ЛИКВИДАЦИЈА
Статусни промени
Член 54
Статусната измена подразбира присоединување, спојување и поделба на организацијата извршена врз основа на одлука донесена од Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија во согласност со позитивната законска регулатива и овој Статутот како и Олимписката Повелба на ИОК.
Одлука за статусна промена се носи со двотретинско (2/3) мнозинство од вкупниот број на гласови во Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
ПРЕСТАНОК НА ОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Член 55
Олимпискиот комитет на Северна Македонија престанува да постои ако е:
- донесена одлука за престанок на постоење во согласност со Статутот и со 2/3 мнозинство од вкупниот број на присутни членови со право на глас во Собранието, предмет на претходна координација со ИОК;
- статусна промена која предвидува престанок на постоењето,
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 56
Олимпискиот комитет на Северна Македонија стекнува својство на правно лице со денот на уписот во соодветниот регистар што се води во Централниот Регистар на Република Северна Македонија.
Член 57
Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија може да се измени само со одлука на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, донесена најмалку со квалификувано (двотретинско) мнозинство од вкупниот број на гласови во Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Член 58
За се што не е предвидено со овој договор ќе се применуваат одредбите на Олимписката Повелба и Законот за здруженија и фондации на граѓани.
Член 59
Внатрешните акти или прописи донесени од Собранието или Извршниот одбор се во согласност со овој Статут. Ако има какво било сомневање во значењето или толкувањето на овие внатрешни акти или регулативи, или ако постои противречност помеѓу овие внатрешни акти или прописи и Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, последниот има приоритет.
Член 60
Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, во секое време, мора да биде усогласен со Олимписката повелба.
Ако има какво било сомневање во значењето или толкувањето на овој Статут или ако има противречност помеѓу овој Статут и Олимписката повелба, повелбата на ИОК има предност.
Толкување на Статутот на Олимпискиот комитет на Северна Македонија дава Правната комисија при Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
Овој Статут стапува во сила со денот на изгласување на истиот од страна на Собранието на Олимпискиот комитет на Северна Македонија.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
м-р Даниел Димевски