Назад
Работилница на тема “Женско лидерство”

⚡Македонски Олимписки комитет изминативе два месеци во континуитет работеше на проект од Олимписка Солидарност за подигнување на свеста кај младите девојки за тоа како преку спортот може да се постигне личен раст и развој. Зборувавме на тема женско лидерство. Работилниците ги водеше поранешната Олимпијка во пливање🏊♀, Наташа Мешковска и истите беа проследени со активни дискусии помеѓу сите учеснички.


Продолжуваме понатаму со подигнување на свеста и омоќување на девојките преку спорт. 💪🏻✨