Назад
Оддржана финалната конференција од проектот СВОЛ

Ја оддржавме финалната конференција од проектот СВОЛ ( Жени Лидерки во Спортот) чија цел е да промовираат еднакви можности и пристап на жени до раководни позиции во спортскиот сектор. Двогодишниот проект кој беше координиран од одделот на Францускиот Олимписки Комитет со партнерство од Италија, Македонија и Португалија, разви таканарачена Европска Ознака за родова еднаквост наменета за спортски клубови кои претендираат да ги подобрат внатрешните родово-еднакви политики.


Ги охрабруваме спортските клубови од Македонија да ја потпишат Декларацијата за родова еднаквост и да пристапат кон самоевалуација во шест области на родова еднаквост, со што ќе го утврдат степенот на интегрираност на родова еднаквост во своите структури и политики.

Сите документи и продукти кои беа развиени во рамки на овој проект се достапни на вебсајтот.