Назад
Шесто место за Ангел Петрушев

На Европското првенство во кајак на диви води, кој се одржа во Словенија (Тацен), најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев го освои извонредното 6-то место! Тој најнапред, во полуфиналето (од 12 кајакари) како 10-ти се пласира во финалето и со одлично техничко возење, без казнени поени, го освои 6-то место, а за само една секунда му избега бронзениот медал!


Со овој пласман, Ангел покажа дека е сериозен кандидат за учество на Олимписките игри и секако еден од оние кои МОК ги помага и уште повеќе ќе ги помага во насока на постигнување на врвни спортски меѓународни резултати.