Назад
МОК со учество на проектот “Sport for unity, Resilience and Epowerment (SURE)”
IMG-20240507-WA0001

Во Терцеира, Португалија се одржа првиот координативен состанок на партнерите во проектот: Sport for Unity, Resilience and Empowerment (SURE), во кој МОК учествува заедно со уште 15 Европски спортски организации.


Со овој проект, кој ќе трае 36 месеци, партнерите целат да го зголемат и тестираат моделот на соработка за изградба на отпорноста на организираното спортско движење и да ја осигураат улогата на спортот за посилни заедници, фокусирајќи се на пристапот до спорт за неразвиени социо-економски групи, со цел да бидат подобро опремени да се справат со кризи (енергија, миграција, пандемија).


Следните фази на проектот ќе вклучуваат истражување на постоечките практики и пропусти, кои ќе бидат следени со креирање и тестирање на моделот за соработка преку различни активности организирани од сите партнери.

IMG-20240507-WA0000