Назад
Имплементација на проектот “Фер Игра”

Македонскиот Олимписки Комитет започна со имплементација на проектот Фер Игра: Унапредување на родовите политики во спортските политики, во партнерство со Македонскиот Центар за меѓународна соработка, спортската организација Спорт Соушал Солушнс и Параолимпискиот Комитет. 

На првата активност односно на работилницата за зајакнување на девојки вклучени во спортскиот сектор која што се оддржа минатата недела, учесничките ги унапредија и надградија своите лидерски вештини, решавање на конфликти и се обучија за ефективен пристап кон вмрежување. 


Следните работилници на оваа тема се планирани за месец мај и јуни. 

Следете нѐ за повеќе информации.


Проектот е поддржан од ЕУ.

fer 2
fer 3