Назад
Меморандум за соработка помеѓу МОК и Црвен крст на Република Северна Македонија

Денес во МОК се потпиша меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст на Северна Македонија и Македонскиот Олимписки комитет. На средбата присуствуваа претседателот д-р Ромел Велев и Генералниот секретар д-р Саит Саити и претседателот на МОК, Даниел Димевски. Двете страни се обврзаа за остварување на заедничките цели и реализација на заедничките активности од интерес за членовите, волонтерите и поддржувачите на двете организации и јавниот хуманитарен и спортски интерес на граѓаните.


Взаемно ќе се поддржуваат и солидаризираат при организирање на јавни и спортски настани и други форми на активности кои придонесуваат кон промовирање на целите и задачите на Црвениот крст и МОК