Назад
МОК – ПОКРОВИТЕЛ НА 12-ТА АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА

Денес се одржа 12-та Авицена Женска Трка, а МОК беше покровител на оваа спортска активност на која учествуваа преку 3000 учеснички.  Покрај најдобрите тројца во генерален пласман, дипломи и пехари добија и првите три во возрасните категории од 7 до 77 години.


Претседателот на МОК, Даниел Димевски ги додели наградите на најдобрите во женска конкуренција верувајќи дека следната година ќе има уште поголем број на учеснички, во сите возрасни категории.