Назад
Олимписки пикник

Почитувани пријатели, спортисти, спортски работници.

По повод 6. април, меѓународниот ден на спортот за развој и мир, МОК ја обновува традицијата на "Олимписки пикник" кој ќе се оддржи во кругот на СЦ Јане Сандански (тениски игралишта). Оваа манифестација е наменета за дружење меѓу спортските великани, спортски работници, новинари, спортисти подржувачи на спортот. Настанот ќе биде пропратен со музика и естрадни ѕвезди а ќе биде промовирана и новата навивачка песна која со сигурност ќе ја слушаме на трибините бодрејќи ги нашите спортисти.

Настанот почнува во 12:00 часот а како увертира, во големата сала во Јане Сандански ќе се одигра и кошаркарското финале (11 часот) од училишните игри на Општина Аеродром. Ве очекуваме!

IMG-d751e11a74bf7f86f643cb34f60e94a6-V