Назад
Златни медали за Дејан Георгиевски и Мила Релиќ на Скопје Опен Г1

Дејан Георгиевски освои златен медал Меѓународниот таеквондо турнир „Скопје опен Рамус“ од Г 1 серија. Георгиевски до златото елиминира двајца борци од Франција.

dejan 1

Фантастични борби направи Мила со победи над Лихама Асумаја Ангуста (Франција) со 2-0 во рунди. Во следното коло Мила беше подобра од Андреа Комарина (Црна Гора). Во полуфиналето ја победи Италијанката Кристина Гаспа, а во финалето Мила ја победи и Јулика Шпак. Мила не изгуби ни една рунда до златниот медал.

mila 2

Ова се нови 10 поени за Мила на олимписката и светската ранг-листа. На „Скопје опен“ Г 1, еден од најсилните таеквондо турнири во Европа, се натпреваруваа 800 борци од 40 држави и 220 клубови.

mila 1