Назад
Оддржана четвртата работилница за лидерски вештини преку спорт
Prilep 2

Се одржа и четвртата работилница за лидерски вештини преку спорт, на која учествуваа спортистки од Прилеп. Работилницата се одржа во СОУ Ѓорче Петров - Прилеп, каде бевме срдечно пречекани од директорката на училиштето Жанета Видевска и ни беа овозможени одлични услови за оддржување на оваа обука.

Prilep 5

Клубовите, ОК 11 Октомври 2008 Прилеп, Гимнастичарките од Партизан - Соколи Прилеп, Ритмичко спортска Гимнастика “ Авангард “ како и Фудбалскиот Женски Клуб Цевитана- Прилеп имаа можност преку инспиративната приказна на Едина Муса, тренер во кошарка и фитнес инструктор научат повеќе за начинот на кој спортот придонесува за зголемување на увереноста кај девојките и за подобрување на нивните лидерски вештини, посебно вештините за донесување одлуки, преземање на ризици, ефективна комуникација, преговарање, самодисциплина и многу други.

Prilep 1