Назад
Трет модул од проектот OCEAN

Од 18 до 21 март во Лозана, Швајцарија се одржа третиот модул од проектот OCEAN во кој МОК заедно со уште 17 Олимписки комитети ги анализираа резултатите од извршените мерења на јаглеродниот отпечаток кој секој од Олимписките комитети го има направено во 2022 година. 

lozana 6

Годината 2022 понатаму ќе служи како референтна година за споредба на јаглеродниот отпечаток и колку тој се намалил.

lozana 4

Секој комитет презентираше стратегија за намалување на јаглеродниот печаток заедно со предвидени мерки кои ќе се преземат со главна цел-намалување на отпечатокот за 50% споредено со 2022г. заклучно со 2030 година.

lozana 3

МОК исто така ќе пристапи кон потпишување на Спортскиот рамковен документ за акција за борба против климатските промени, кој е креиран од Обединетите Нации.

lozana 2