Назад
“Надоградување на капацитетите за управување во спортот”

Во Приштина, Косово се оддржа последната обука за проектот S2ABC- “Надоградување на капацитетите за управување во спортот”. Проектот е во соработка со Министерство за спорт на Црна Гора, Олимписки комитет на Албанија, Универзитет за физичко образование и спорт на Косово, Спорт за млади од Британија во координација со Европски опсерваториум за спорт и вработување  (EOSE). Претставници од МОК беа Сара Глоговац, Тане Димовски – општина Аеродром, Тео Митевски –КК МЗТ и Ирена Белешковска –КК Крива Паланка.

sara 3

Беа доделени сертификати на Свечена церемонија за успешно завршена обука од страна на директорите на курсот Кирсти Симпсон и Аурелиан Фавре како и од претседателот на Олимпискиот комитет на Косово, Исмет Красники.

Продолжуваме понатака со градење на капацитети и надоградување на знаењата на нашата спортска администрација.

sara 2