Назад
Одржана финалната конференција од Еразмус проектот GAMES

Минатата недела во Брисел се одржа финалната конференција од Еразмус проектот GAMES чија цел е зголемување на бројот на жени на раководни позиции во спортскиот сектор а истиот е предводен од канцеларијата на Европскиот Олимписки Комитет.

1

Во рамки на овој проект, Олимпискиот Комитет на Македонија подготви национален акциски план со кој се предвидува зголемување на бројот на жени во управниот одбор, во собранието како и во сите други работни тела во структурите на МОК, односно се гарантира минимум од 30 % од нивна застапеност и вклученост во спортските политики.

3

Силвија Митевска ги презентираше главните новости од имплементацијата на акцискиот план, како и следните чекори во однос на обезбедување на т.н. квоти и креирање на позитивна и инклузивна спортска клима за сите учесници.

4

Покрај квотите како составен дел од акцискиот план, МОК спроведува и серија на работилници и обуки за омоќување на девојки и жени со цел да придонесе кон градење на нивните капацитети за лидерство и ефективно и проактивно вклучување во спортскиот сектор.

Покрај конференцијата, тимотна МОК учествуваше и на обуки за креирање на безбеден спорт како и на работилници посветени на женското здравје во спортот, особено во делот на репродуктивното здравје.

2