Назад
Таеквондо квалификациски турнир во Софија за ОИ Париз 2024

Tаеквондистите Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ денес и утре ќе настапат на квалификацискиот турнир во Софија за Олимписките игри во Париз ова лето.


Нашите репрезентативци се максимално подготвени да одговорат на предизвикот и да атакуваат на олимписките норми.


Дејан Георгиевски е носител на сребрен медал од Олимписките игри во Токио, кој по 21 година донесе медал за Македонија.

dejan 1

Мила Рељиќ е млада натпреварувачка која трпеливо го гради патот до светскиот врв. На ЕП за сениори беше петта, како и на Европските игри, а на ЕП во У-21 во Букурешт освои бронзен медал и многу одличја од Г-1 турнирите.

mila 2