Назад
Со помош на МОК, Андреа ќе настапува за Македонија
IMG-20240306-WA0004

Андреа Нисева, носител на бронзен медал од Европското првенство во борење 2023 (слободен стил), во иднина ќе се бори за Македонија! 

Ова денес беше договорено меѓу претседателот на МОК, Даниел Димевски и Андреа, нејзиниот татко и нејзиниот тренер.

Андреа Нисева во 1/8 финалето на Европското првенство ја победи турчинката Сезин Дикичи, русинката Полина Посохова и полската борачка Јулија Гибалска, а загуби само од грузијката Миранда Капанадзе, со што го свои бронзениот медал настапувајќи за бугарската репрезентација во борење. 

“Имајќи ги во предвид нашите долгорочни Олимписки планови и програми, посебно Олимписките игри Лос Анѓелес 2028, силно верувам и цврсто сум убеден дека Андреа е идна македонска спортска гордост и иден носител на многу медали од Европски и Светски првенства, но и Олимписки игри“, изјави по овој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски.

IMG-20240306-WA0003