Назад
Заштита на спортистите од физичко и психичко вознемирување и сексуално злоставување

Во Загреб, Хрватска се одржа првиот координативен состанок на партнерите кои учествуваат во проектот:  Safeguarding children in sport (GUARD).


Македонскиот Олимписки комитет ќе учествува заедно со Олимписките комитети на Хрватска, Романија, Полска, Грција, Словенија и Литванија во истоимениот проект кој е под водство на Европска Унија и ќе трае 36 месеци. Целите на овој проект се воспоставување на системи и механизми за заштита на спортистите од физичко и психичко како и сексуално вознемирување и злоставување. Преку обука и насочување ќе се изгради структура за безбеден амбиент за младите спортисти кој ќе се имплементира во сите спортски федерации.

гуард