Назад
Димевски како почесен гостин на “Лауреати 2023” во Приштина
кок 2

На покана на претседателот на Косовскиот Олимписки комитет, г-динот Исмет Красниќи, претседателот на МОК Даниел Димевски како почесен гостин вчера присуствуваше на свечената церемонија „Лауреати 2023“ која се одржа во Приштина, Косово на која се доделија награди за најдобрите спортисти во изминатата година.

кок1

Најпрво ги поздрави присутните гости и ја додели наградата за најдобра селекција во машка конкуренција која припадна на тенисерите.

кок 3