Назад
Олимпискиот стипендист Дарио Ивановски во посета на МОК

Нашиот олимписки стипендист Дарио Ивановски денес беше во посета на својата вистинска куќа на средба со Претседателот на МОК Даниел Димевски кој со огромно задоволство и чест го поздрави неговиот успех.


Дарио Ивановски се натпреваруваше во маратонската трка во Севиља, Шпанија каде обезбеди нов национален рекорд, и официјално ќе учествува на Европското првенство во Рим, кое се одржува од 7. до 12. јуни 2024.


МОК секогаш ќе се бори за развој на националниот спорт според начелата на олимпизмот и подобрување на резултатите што ги остваруваат македонските спортисти во домашни и меѓународни рамки.


Се гледаме во Париз!

IMG-20240221-WA0000