Назад
Работилница на тема Развој на лидерски вештини преку спорт одржана во Битола 15.02.2024

Ја оддржавме третата работилница на тема развивање на лидерски вештини преку спорт, на која учествуваа женски спортски клубови од Битола. ЖФК Атлетико, ОК Пелистер Волеј, КБК Самурај. Имавме можност во Младинскиот центар во Битола, учесничките да научат повеќе околу тоа на кој начин спортот придонесува за зајакнување на девојките и за подобрување на нивните лидерски вештини особено вештините за донесување на одлуки, преземање на ризици, ефективна комуникација и вештини за преговарање, самодисциплина и многу други. Оваа работилница е во рамки на проектот ,,Зајакнување на девојки преку спорт ,, поддржан од Олимписка солидарност.

mok 3

Продолжуваме со ваков вид на работилници кој што ќе се одржуваат низ цела Македонија, со цел да поттикнеме и инвестираме во развој на идните лидерки во спортскиот сектор.

mok 1