Назад
ДАРИО ИВАНОВСКИ со нов македонски рекорд во маратон 2:08:25!!!

Дарио денес уште еднаш испиша историја во македонската атлетика!

На денешниот маратон во Севиља (Шпанија) на кој на стартната линија се појавија преку 250 елитни маратонци од целиот свет со цел да исполнат норма или што подобар резултат за учество на Олимписките Игри во Париз и Европското првенство во атлетика во Рим, меѓу нив беше и македонскиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски кој оствари извонреден резултат од 2:08:25, што е само 15 секунди до олимписката норма за Париз , што представува нов македонски рекорд и исполнета норма за учество на Европско првенство во атлетика во Рим.

Со овој резултат Дарио ќе скокне на ранг листата за учество на Олимписките Игри во Париз, со што би требало да значи и обезбедено место за олимпискиот маратон во Париз. 

Досегашниот македонски рекорд кој Дарио го постави на 3 декември 2023 во Валенсија (Шпанија) изнесуваше 2 часа 11 минути и 53 секунди.

БРАВО ДАРИО! Секоја чест!

FB_IMG_1708252610773