Назад
Претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија со честитка до Димевски

Денес во посета на МОК беа претседателот на Олимпискиот комитет на Албанија, г-динот Фидел Ули и Генералниот секретар , г-динот Герти Шима. Високите гости од Албанија дојдоа лично да упатат честитка до претседателот на МОК, Даниел Димевски за реизборот за претседател и нов четиригодишен мандат на чело највискота спортска институција во државата.

mok alb 2

Меѓусебната соработка ќе се интензивира во пресрет на Олимписките игри, со цел подобра подготовка на спортистите за учество на ОИ Париз 2024.

mok alb 1