Назад
Проект за човековите права на спортистите (H.E.R.O.)
hero 6

МОК заедно со уште 5 партнер организации од Македонија, Франција, Шпанија и Холандија го оддржа првиот координативен состанок за новиот Европски проект на тема човековите правата на спортистите (H.E.R.O.).

hero 5

Главната цел на проектот H.E.R.O е да ги почитува, заштити и промовира човековите права на спортистите во спортот преку поддршка на спортските тела во развивање соодветни и ефективни стратегии и механизми за спречување на кршењето на човековите права на спортистите од една страна и одговор на случаи на злоупотреба од друга страна.

hero 1

Денес оддржавме и панел дискусија на истата тема, која беше отворена од претседателот на МОК, Даниел Димевски. Модератор на настанот беше Силвија Митевска, директорка на Спорт Соушол Солушнс а панелисти беа Лукас Аубин од Француски институт за меѓународни и стратешки прашања, Едуарда Аморим, најдобра ракометарка во Европа и Сашо Поповски, Генерален Секретар на МОК.

hero 3

Следете не и бидете тек со активностите кои ни претстојат.

hero 2