Назад
Завршен настапот на нашите млади натпреварувачи во Гангвон

Во денешната трка на 7,5 км Класик нашиот натпреварувач Давид Торевски од 78 учесници во трката заврши на 70 место со заостанување од 6 минути и 11 секунди зад победникот Мох од Германија. Нашата натпреварувачка Матеа Трајковска во истата дисциплина не стартуваше. Со ова и со овие резултати завршија настапите на нашите спортисти на овие Младински Олимписки Игри во Јужна Кореја.