Назад
Крос кантри на Младинските олимписки игри во Гангвон

Денес на програмата на Младинските олимписки игри во Јужна Кореја се одржа натпреварот во крос кантри. Во дисциплината спринт на 1400 метри нашиот натпреварувач Давид Торевски во конкуренција од 80 спринтери го освои 66 место со задоцнување од 35 секунди зад првопласираниот натпреварувач од Австрија. Во женска конкуренција во истата дисциплина нашата Матеа Трајковска од 79 натпреварувачки го завзеде 75 место со заостаток од 1 минута и 40 секунди зад најдобрата спринтерка од Шведска. Овие резултати на нашите натпреварувачи не беа доволни за пласман во четвртфиналето.