Назад
Најава за презентација на Програмата 24-28

Претседателот на МОК, Даниел Димевски најавува презентација на најобемната, најдетална и најсеопфатна програма за работа што досега ја имал МОК, на ден 26.01.2024 година (петок) со почеток во 15:00 часот.

Презентацијата на Програмата 24-28, насловена со Олимпиското мото “Побрзо, повисоко, посилно, заедно”, ќе биде пренесувана во живо на МОК ТВ каналот.

Истата можост е достапна и за сите останати заинтересирани кандидати кои ќе достават и сакаат јавно да ја презентираат својата програма. Лице за контакт е Сара Глоговац со е-меил адреса: glogovac@mok.org.mk.

На ова ќе му претходи презентација на отчетот за сработеното во првиот мандат, која ќе биде објавена на официјалниот ВЕБ сајт на ден 24.01.2024 год.

Даниел Димевски