Назад
Одржана редовна седница на УО на МОК

Управниот одбор на МОК ја одржа својата редовна седница на која претседателот Даниел Димевски поднесе финансиски извештај за 2023 година, како и предлог-буџетот за 2024 година. Добиени се максимално позитивни извештаи за финансиската работа на МОК, по ревизиите и финансиската контрола, во текот на 2023 година, од страна на меѓународната ревизорска куќа ПрајсвотерхаусКуперс (PricewaterhouseCoopers), од страна на Управата за Јавни Приходи на Република Северна Македонија и од страна на Финансиската полиција на Република Северна Македонија. Завршната сметка за 2023 година со ревизија и самиот извештај ќе бидат јавно објавени, како и секогаш, на веб страната на МОК и доставен до сите членови на УО. Активностите на ОКСМ во 2023 ги предводи официјално добиена организација на Европски младински олимписки игри Скопје 2025 на кои младите македонски спортисти ќе учествуват во сите спортови кои се на програмата на игрите како и учеството на Европските игри Краков 2023 и освоениот сребрен медал во Таеквондо на Дејан Георгиевски. Обезбедена е спортска опрема за натпревар на Олимпијците - учесници на ОИ ПАРИЗ 2024, а и потпишан е договор за партнерство со шпанскиот производител на спортска опрема ЈОМА (за ЕИ Краков 2023, Зимските МОИ ГАНГВОН 2024 и ОИ ПАРИЗ 2024).


IMG-20231227-WA0000


МОК за потребите на НСФ-ии изнајде финансиски средства за обука/семинари за унапредување на знаењето на тренерите, но и шест месечен и едногодишен престој на странските експерти – тренери кои работеа со македонските НСФ-ии на развој на Националниот спортски систем во соодветните спортови. Обуките за тренери во Универзитетите во Колорадо Спрингс (САД) и Будимпешта (Унгарија) како и обезбедената финансиска помош за учество на младински тренинг кампови во странство, обуки на спортска администрација и Напреден спортски менаџмент, обезбедената помош во опрема и финансиска помош од Европските и Меѓународните спортски федерации за НСФ-ии во пресрет на ЕМОИ Скопје 2025 беа одлични активности за унапредување на Националниот спортски систем во рамките на работата на МОК. Беше истакнато и дека членови на МОК се членови на Комисии и тела на Европските олимписки комитети и Меѓународниот комитет на Медитеранските игри од каде се обезбедуваат дополнителни и значителни финансиски средства за унапредување на македонскиот спортски систем. Спортско-медицинската лабораторија за високи спортски перформанси исто така е значителен дел на МОК за унапредување на врвните резултати на најдобрите македонски спортисти. МОК во 2023 година во партнерство со многу странски амбасади. Беа поднесени извештаи за ОИ Париз 2024, Европските младински игри Скопје 2025, зимските олимписки игри Милано 2026 и Летните Младински Олимписки игри Дакар 2026.