Назад
Меморандум за соработка со Меѓународното Полициско Здружение Оддел Македонија

Претседателот на МОК, Даниел Димевски на вчерашната средба со Претседателот на  Меѓународното Полициско Здружение Оддел Македонија, Игно Стојков склучи меморандум за соработка. Меморандумот се темели на искрена меѓусебна соработка во остварување на цели од јавен, хуманитарен, спортски и културен интерес на граѓаните, полициските службеници и членовите на двете организации.