Назад
Бобан Илиоски најдобар сениор, Силвио Мировски најдобар младинец, Дејан Митровски тренер на годината

Кикбоксот доминираше денес на свеченото доделување на наградите „Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје“ од страна на Град Скопје и Сојуз на спортови на Скопје.


Бобан Илиоски од КБК Шампион ги предводи 10-те најуспешни сениори во Скопје, а Силвио Мировски од Гладијатор младите спортисти. Во категоријата најуспешен тренер награден е Дејан Митровски (Кик бокс клуб Шампион, селектор на кик бокс репрезентацијата, Фитнес клуб Магнус за двајца светски шампиони во два спорта).

d2


Мери Акиевска, светска шампионка во бодибилдинг – велнес до 158 см е втора кај сениорите во Град Скопје.


Во категоријата најуспешна спортска екипа од Скопје наградата е доделена на Специјална Олимпијада (за високи резултати освоени во бадминтон, пливање и атлетика со повеќе спортисти, Јане Никодиновски, Стефан Трпковски, Марио Мицовски и Јулијана Петровска на Летни светски олимписки игри во Берлин 17-25.06.2023 година).


Од македонските спортисти, за најуспешен спортист со награда се здоби Андреј Стојаноски (Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди на Кисела Вода – 6 место на Светско првенство 50 м градно и 6 место на Светско првенство 400 м мешано во Буенос Аирес).

d1


Претседателот на МОК, Даниел Димевски ги додели наградите за најуспешен тренер (Дејан Митровски) и најуспешна спортска екипа од Скопје (Специјална Олимпијада).


Покрај признанијата, на добитниците, спортистите и трененерот, им беше доделена и парична награда со вкупен фонд од 185.000 денари.

d0