Назад
Организирање на младински Олимписки фестивал на земјите од југоисточна Европа

Изминатиов викенд во Тирана се оддржа работна средба на која што присуствуваа претседателите на Oлимписките комитети на Македонија, Црна гора, БиХ, Косово и Албанија.

тирана 2

Домаќини на средбата беа претседателот на Меѓународните медитерански игри, г-динот Давид Тициано и премиерот на Р. Албанија, г-динот Еди Рама.

Тема на разоговорите беше разработка на идејата за организирање на младински Олимписки фестивал на земјите од југоисточна Европа.

тирана 3

Претседателот нa MOK, Даниел Димевски учествуваше на собирот давајќи придонес во целокупната организација на тој голем регионален настан.